Договор за реконструкција на средното училиште за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“
- Стопанската комора Македонија – Турција (МАТТО) ќе финансира градежни работи за реконструкција и адаптација на простории во Државното средно училиште за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ во Скопје.
Скопје, 4 јули 2025 (МИА) - Стопанската комора Македонија – Турција (МАТТО) ќе финансира градежни работи за реконструкција и адаптација на простории во Државното средно училиште за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ во Скопје.
По повод потпишување на договорот за донација, училиштето за образование на ученици со попреченост денеска ќе го посетат министерката за образование и наука Весна Јаневска и раководството на МАТТО. хс/са/
Фото: МИА архива