• сабота, 28 декември 2024

Два лава од Украина сместени во Белгија

Два лава од Украина сместени во Белгија
Брисел, 10 март 2022 (МИА) - Лавовите близнаци Цар и Џамил, родени во јануари 2021 година, требаше да бидат преместени во Белгија во мај, откако украинските власти ги конфискуваа од приватни сопственици кои се однесувале лошо со нив. Но, руската инвазија на Украина значеше дека преместувањето мора да се случи веднаш, оти гранатирањето на Киев, каде што беа задржани, им предизвика стрес и повреди додека во паника скокаа на решетките од кафезите. Фредерик Толен, биолог кој работи во белгиско засолниште од 2007 година, раскажа за тешкото петдневно патување од Киев на 26 февруари до полската зоолошка градина во Познањ, коешто почна со состанок со руската армија надвор од главниот град на Украина. - Руската армија впери пиштоли кон медицинските сестри. Тие се заканија дека ќе ги убијат животните. Медицинските сестри рекоа - не, ова се наши животни. Ако ги допрете животните, прво треба да се справите со нас!, изјави Толен. - Значи, тие буквално ги ризикуваа своите животи за да ги спасат животните. Па, руската армија ги пропушти. Потоа имаше долго, долго патување до полската граница. Мораа да возат различни мали рути за да избегнат сообраќајни метежи, продолжува тој. Лавовите пристигнаа во засолништето „Натурхулпцентрум“ (Natuurhulpcentrum) доцна вечерта вчера. Засолништето ќе ги држи во карантин три месеци и ќе ги негува пред да се најде постојан дом или, можеби, засолниште во Африка. На лавовите, инаку, кои биле невообичаено мали кога биле спасени, им недостигале есенцијални елементи како калциум и биле хранети со месо со поминат рок, додека рендгенот открил и фрактури на коските.  си/

Остани поврзан