• вторник, 23 април 2024

Два камиони со помош од Тетово заминаа за Турција и за Сирија

Два камиони со помош од Тетово заминаа за Турција и за Сирија

Тетово, 14 февруари 2023 (МИА) - Од Тетово заминаа два камиони-шлепери со помош во облека, ќебиња,конзервирана храна и слично за подрачјата погодени од земјотрес во Труција и во Сирија. 

Помошта неколку дена се собираше на плоштадот и во гимназијата, а се продолжува можноста за донирање пари на наменската жиро сметка.  

-По неколкудневна мобилизација во Тетово за помош на настраданите од земјотресот во Турција и Сирија, утрово заминаа два камиони со помош, облека, ќебиња и храна. Посебна благодарност до сите волонтери кои придонесоа да им се помогне на луѓето на кои помошта им е најпотребна. Вакви катастрофи никогаш да не се повторат, порачаа од Општина Тетово.

Тетово помош Турција Сирија

Од канцеларијата за односи со јавноста при Општина Тетово информираа дека деветте пожарникари на Територијалната противпожарната единица на чело со командирот Авни Амети доцна синоќа се вратија од Турција. Тие помагаа во градот Адијаман. ас/цр 

Остани поврзан