Двајца украински шпиони во Русија осудени на 19 и 25 години затвор
- Руски суд денеска осуди двајца агенти на украинските специјални служби на 19 и 25 години затвор за шпионажа и подготовка на терористички напад, соопшти руската Федерална служба за безбедност (ФСБ).
Москва, 29 мај 2025 (МИА) – Руски суд денеска осуди двајца агенти на украинските специјални служби на 19 и 25 години затвор за шпионажа и подготовка на терористички напад, соопшти руската Федерална служба за безбедност (ФСБ).
Се наведува дека украинскиот државјанин Олег Сергеевич Заболотни, кој е осуден на 25 години, и рускиот државјанин Максим Александрович Волга, осуден на 19 години, биле уапсени во август 2023 година.
ФСБ информира дека Заболотни во 2022 година поминал курс за обука за диверзии и извидување во Харковската област под надзор на Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина. јт/
Фото: МИА архива