• недела, 22 декември 2024

Двајца поранешни претседатели на Панама повикани на судење поради корупција

Двајца поранешни претседатели на Панама повикани на судење поради корупција
Панама, 9 ноември 2022 (МИА) - Државното обвинителство на Панама соошти дека двајца поранешни претседатели, како и низа други значителни лица, се повикани на судење под обвинение за перење пари, а во врска со опсежната истрага за корупција, што се прошири низ Латинска Америка. Како што се наведува, на судење се повикани 36 лица под обвинение за перење пари, вклучувајќи шест поранешни министри, некогашни официјални лица, бизнисмени и други поединци. Судењето ќе почне во август, пишуваат дел од британските медиуми. Според соопштението, повикан е Рикардо Мартинели, претседател на Панама од 2009 до 2014 година, заедно со неговите синови Рикардо и Луис. Во мај американски суд ги осуди синовите на поранешниот претседател на три години затвор, за помош во перење милиони долари што го извршила бразилската градежна фирма Одебрехт. Повикан е и наследникот на Мартинели и потпретседател Хуан Карлос Варела, кој беше претседател до 2019 година. Двајцата негираа дека имаат вина, а Мартинели има во план повторно да се кандидира за претседател во 2024 година. Мартинели е двапати ослободен за обвинение за шпионажа, а според неговиот портпарол, тој е невин и во врска со истрагата за Одебрехт и е предмет на напади поради планираната претседателска кампања. Варела на Твитер објави дека ќе се „соочи со овој неправеден процес, уверен во неговата невиност и со верување дека се наоѓа пред добро дефинирана политичка стратегија“. На Варела и Мартинели им беше забрането да ја напуштат Панама во 2020 година, кога почна истрагата. Скандалот околу митото за договори за јавни работи се прошири и на други земји каде Одебрехт работеше, меѓу нив Перу, Мексико, Аргентина и Колумбија. бд/сд/

Остани поврзан