• среда, 13 ноември 2024

Двајца од тројцата пациенти повредени во Нови Сад откако се урна бетонска настрешница на железничката станица се свесни, но се уште се во тешка состојба

Двајца од тројцата пациенти повредени во Нови Сад откако се урна бетонска настрешница на железничката станица се свесни, но се уште се во тешка состојба

Белград, 13 ноември 2024 (МИА) - Двајца од тројцата пациенти кои се тешко повредени како последица од уривањето на бетонската настрешница на Железничката станица во Нови Сад се во свесна, но се уште тешка состојба, изјави директорката на Клиничкиот центар на Војводина, д-р Весна Туркулов за српски медиуми.

„Двајца пациенти се свесни и на кислородна поддршка, комуницираат со очите. Еден пациент се уште е на апарати за вештачко дишење“, рече Туркулов.

Таа додаде дека проблем се секундарните инфекции, а нема опуштање бидејќи повредите се големи. зш/

Остани поврзан