• среда, 10 јули 2024

Двајца играчи на Бенфика повредени при напад врз клупскиот автобус (видео)

Двајца играчи на Бенфика повредени при напад врз клупскиот автобус (видео)
Лисабон, 5 јуни 2020 (МИА) - Автобусот со играчите на Бенфика беше нападнат со камења по првиот натпревар од обновениот шампионат на Португалија, објави прес-службата на клубот на својата официјална веб-страница. Двајца фудбалери се повредени. Несреќата се случила кога автобусот се движел од стадионот „Естадио да Луж“ до центарот за тренинг. Играчите од средниот ред Јулијан Вајгл и Андрија Живковиќ се повредени од стакло и веднаш биле однесени во болница. Бенфика гарантира целосна соработка со властите и ги повика да вложат максимални напори за пронаоѓање на хулиганите. Во меч од 25 коло, Бенфика ја пречека Тондела, а натпреварот заврши без погодок. Бенфика го предводи пласманот во португалскиот шампионат со 60 бода. Порто има ист број на бодови. https://www.youtube.com/watch?v=GrIe0HGKRHA&feature=emb_title

Тагови

Остани поврзан