• сабота, 20 април 2024

Двајца загинати, еден повреден во престрелка во Скопската чаршија

Двајца загинати, еден повреден во престрелка во Скопската чаршија

Скопје, 6 март 2023 (МИА) - Во СВР Скопје вечерва во 20.11 часот е пријавено дека во угостителски објект во Скопје неколку лица пукале кон Ј. К. и Е. И., кои починале на лице место, и кон А.Т., кој е пренесен во болница за укажување лекарска помош.

 

Од МВР информираа дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Како што објавија медиумите, престрелката се случила на улица „Самоилова“ во Општина Чаир, во близина на кафе барот „Шиша бар“. цр/лв/

Фото:МИА

 

 

Остани поврзан