• четврток, 22 август 2024

Да се формира комисија за проценка на штети од град бара советникот Мелов во Кавадарци  

Да се формира комисија за проценка на штети од град бара советникот Мелов во Кавадарци  

Кавадарци, 21 август 2024 (МИА) - Да се формира комисија за проценка на штети од град, бара советникот Вуко Мелов во Кавадарци. Како член во Советот на Општината, тој ова барање го поднесе денеска до претседателот на Советот, Стојанчо Рамов. 

- Во текот на вчерашниот ден општина Кавадарци беше соочена со силно невреме- град, што предизвика сериозни штети врз лозарството, родот. Штетите на лозовите насади предизвикани од силното невреме, во одредени делови на општина Кавадарци изнесуваат и до 100%. Затоа барам од претседателот на Совет на општина Кавадарци, на првата наредна седница што ќе се одржи утре, да се стави точка на дневен ред, за формирање на комисија за утврдување на штети од природна непогода- град, појасни Мелов. 

Тој додаде дека оваа комисија ќе има за цел да ги утврди штетите врз лозовите насади настанати од невремето, да изготви соодветен елаборат, врз која основа ресорното министерство ќе ги обесштети лозарите кои се соочија со штети при невремето. свд/ев/

Фото: Фејсбук на советникот Мелов

Остани поврзан