• понеделник, 22 декември 2025

Дајен Фајнстајн, американска сенаторка со најдолг стаж, почина на 90 години

Дајен Фајнстајн, американска сенаторка со најдолг стаж, почина на 90 години

Вашингтон, 29 септември 2023 (МИА) - Дајен Фајнстајн, сенаторката од Калифорнија, која служеше повеќе од три децении и беше предводник на жените во американската политика, почина на 90-годишна возраст.

Фајнстајн беше најстариот член на американскиот Сенат, а вчера гласаше по последен пат.

Смртта на Фајнстајн ќе му даде на демократскиот гувернер на Калифорнија, Гевин Њусом, овластување да назначи пратеник кој ќе го одработи остатокот од мандатот на Фајнстајн, задржувајќи го демократското мнозинство во парламентот до почетокот на јануари 2025 година.

Во март 2021 година, Њусом јавно рече дека има листа на „ повеќекратни“ замени и вети дека ќе назначи афроамериканка доколку Фајнстајн, демократ, се пензионира.ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан