• сабота, 23 ноември 2024

Дачиќ: Ја почитувам оставката на Ружиќ, но не ја поддржувам оставката на остатокот од владата

Дачиќ: Ја почитувам оставката на Ружиќ, но не ја поддржувам оставката на остатокот од владата

Белград, 9 мај 2023 (МИА) - Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека постои закана од политизација на масовните убиства во Србија, дека ја почитува оставката на министерот за образование Бранко Ружиќ, но не и дека ја поддржува оставката на остатокот од владата, јави дописникот на МИА од Белград.

- Јас сум последниот човек на светот што треба тоа да го прашате, никогаш не сум за оставка, секогаш сум за борба, рече Дачиќ на прес-конференција.

На новинарско прашање зошто не отишол пред ОУ „Владислав Рибникар“ каде што се случи масовното убиство, како ниту претседателот Александар Вучиќ, ниту премиерката Ана Брнабиќ, Дачиќ одговори дека во МНР е отворена книга на жалост и дека тој прв се запишал.

- Ова се монструозни злосторства. Јас сум постар човек, па се сеќавам на другите, бев и во политиката во тоа време и кога имаше криминал во Јабуковац, Иванча. Единствено што се плашам е дека оваа ситуација ќе се политизира, дека врз основа на оваа трагедија се размислува за политички ефекти, рече тој.

Дачиќ додаде дека не ја гледа индивидуалната одговорност на Ружиќ, што тој „придонел или згрешил“, туку дека ја почитува неговата одлука, поради објективна одговорност. об/паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан