• сабота, 22 февруари 2025

Дачиќ: Полицијата спречи хрватска државјанка насилно да влезе во зградата на српското претседателство

Дачиќ: Полицијата спречи хрватска државјанка насилно да влезе во зградата на српското претседателство

Белград, 20 јануари 2025 (МИА) – Припадниците на полицијата денеска спречија хрватска државјанка насилно да влезе во зградата на Претседателството на Србија во Белград.

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека тоа се случило околу 10 часот и оти жената им се заканувала и ги навредувала полицајците, Србија и функционерите.

- Таа е донесена во службените простории на Полициската станица Стари Град и против неа ќе биде поднесена соодветна пријава во соработка со надлежното обвинителство, наведе Дачиќ. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан