• недела, 22 декември 2024

Дачиќ: Во Србија има значително намалување на миграциските движења низ нејзината територија

Дачиќ: Во Србија има значително намалување на миграциските движења низ нејзината територија

Белград, 17 септември 2024 (МИА) - Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, во Берлин на 10-от министерски состанок за Западен Балкан „Берлински процес“ обраќајќи на тема нерегуларна миграција и криумчарење мигранти, посочи дека Србија со зголемените мерки за сузбивање на нерегуларната миграција, доведе до значително намалување и забавување на миграциските движења низ нејзината територија, јави дописникот на МИА од Белград.

-Во периодот од 1 јануари до 2 септември 2024 година, на државните граници на Република Србија е забележано намалување од 61,8 отсто на бројот на илегални преминувања на државната граница (10.216) во однос на истиот период од претходната 2023 година (26.775). Намалување на бројот на илегални преминувања е забележано и на влезот во Република Србија (63 отсто) и на излезот од Република Србија (55,5 отсто), рече Дачиќ.

Во соопштението од српското МВР од Самитот за Западен Балкан „Берлински процес“ се наведува дека „на почетокот на оваа година, бројот на илегални преминувања на надворешните граници на ЕУ на западнобалканската рута е намален за една третина и дека Србија има клучен придонес во тоа намалување“, истакнувајќи ја интензивната соработка со Европол и ФРОНТЕКС.

-Исто така, неопходно е да се продолжи интензивната соработка со странските дипломатско-конзуларни претставништва со цел точно утврдување на идентитетот на лицето и добивање патна исправа за странци за враќање во земјата на потекло. Србија ќе подготви национални планови за имплементација врз основа на Заедничкиот план за имплементација со оперативна, техничка и финансиска поддршка на Европската комисија и агенциите на ЕУ. Би сакал да истакнам дека системот за азил во Србија е речиси целосно усогласен со правото на ЕУ. Од февруари 2024 година се издаваат патни исправи за бегалците, а во тек е изработка на Мастер план за ЕУРОДАК со ФРОНТЕКС, изјави министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ.об/

фото:МВР на Србија

Остани поврзан