Дански суд денеска одлучува по тужба на четири НВО-а за извоз на оружје во Израел
- против цивилите во Газа“. „Ние сме најголемата организација за човекови права во светот и нашиот мандат е јасно да ги заштитиме човековите права“, рече во изјавата Вибе Кларуп, генерален секретар на данскиот огранок на Амнести интернешенел.

Копенхаген, 11 април 2025 (МИА) - Судот во Копенхаген денеска ќе одлучи дали е прифатлива тужбата на четири хуманитарни организации, кои ја обвинуваат Данска за кршење на меѓународното право со извоз на оружје во Израел.
Палестинското здружение за човекови права Ал-Хак, Амнести Интернешнл, Оксфам и Екшн Аид Данска минатата година поднесоа тужба против данското Министерство за надворешни работи и националната полиција. Во соопштението тие наведуваат дека постои ризик „данскиот воен материјал да се користи за извршување тешки злосторства против цивилите во Газа“.
„Ние сме најголемата организација за човекови права во светот и нашиот мандат е јасно да ги заштитиме човековите права“, рече во изјавата Вибе Кларуп, генерален секретар на данскиот огранок на Амнести интернешенел.
Данските медиуми Danwatch и Information во 2023 година открија дека израелските F-35 се опремени со делови произведени од данската групација Терма.сд/
фото:МИА архива