• среда, 22 април 2026

Иран негира дека барал прекин на огнот

Иран негира дека барал прекин на огнот

Техеран, 1 април 2026 (МИА) – Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Есмаил Багаи денеска негираше дека Техеран бара прекин на огнот.

- Изјавата на Трамп за барањето на Иран за прекин на огнот се лажни и целосно неосновани, наведе Багаи.

Претходно американскиот претседател Донал Трамп на сопствената мрежа „Трут соушл“ објави дека претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан побарал прекин на огнот.

- Претседателот на новиот режим во Иран, далеку поумерен и значително поразумен од неговите претходници, штотуку побара од САД, ПРЕКИН НА ОГНОТ. Ќе го разгледаме ова кога Ормутската Теснина ќе биде отворена, слободна и чиста, објави Трамп.

Тој додаде дека дотогаш САД ќе продолжат со нападите и Иран „ќе го вратиме во камено доба!!!“. ми/

фото: МНР Иран

Остани поврзан