• четврток, 26 март 2026

Данска прогласи вонредна мобилизација

Данска прогласи вонредна мобилизација

Копенхаген, 30 септември 2025 (МИА) – Владата на Данска иницира во вонредна мобилизација на резервниот состав поради растечката безбедносна опасност.

Одлуката е донесена по нарушувањето на данскиот воздушен простор од неидентификувани беспилотни летала.

Данскиот воздушен простор две вечери (петокот и саботата ноќта) по ред беше нарушен од неидентификувани дронови. Претходно, на 22 септември неидентификувани беспилотни летала беа забележани над цивилни аеродроми во Копенхаген и Осло. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан