Данска испраќа полицајци и кучиња трагачи на Гренланд во пресрет на доаѓањето на американската делегација
- Данската полиција распореди дополнителен број полицајци и кучиња трагачи на Гренланд пред посетата на американската втора дама, Уша Вен

Копенхаген, 24 март 2025 (МИА) – Данската полиција распореди дополнителен број полицајци и кучиња трагачи на Гренланд пред посетата на американската втора дама, Уша Венс.
Но, полицијата не прецизира колку полицајци ќе бидат распоредени на Гренланд.
Уша Венс заедно со едно од нејзините три деца на Гренланд ќе престојува од четврток до сабота. Според соопштението, таа ќе бидат дел од американска делегација која ќе „посетува историски локалитети“ и „ќе дознае за наследството на Гренланд“.
Предвидено е Уша Венс да присуствува и на националната трка со кучиња на Гренланд.
Премиерот на Гренланд, Муте Б. Егеде претходно ја ја осуди најавената посета на американска делегација, нарекувајќи ја „многу агресивен потег“.
За време на неговиот прв мандат, Трамп размислуваше да го купи најголемиот остров во светот, иако Данска инсистираше на тоа дека Гренланд не е на продажба. Граѓаните на Гренланд, исто така, решително ги отфрлија плановите на Трамп. Откако се врати во Белата куќа, Трамп неколку пати изјави дека САД ќе ја преземат контролата врз Гренланд. ми/
фото: ЕПА