• недела, 19 мај 2024

Данецот Нилсен нов играч на Еурофарм Пелистер

Данецот Нилсен нов играч на Еурофарм Пелистер

Битола, 10 јуни 2023 (МИА) - РК Еурофарм Пелистер од денес има нов член. Станува збор за данскиот ракометар Андреас Јохан Нилсен.

 

Дваесет и петгодишниот Нилсен потпиша договор на една сезона, со опција за продолжување за уште една ако двете страни дадат согласност. 

 

- Кружниот напаѓач доаѓа во Македонија од данскиот прволигаш Морс, висок е 198 сантиметри, тежок 107 килограми и со своите настапи во земјата на светскиот првак во последните неколку години значително се наметна. Пред да дојде во Морс, Нилсен го носеше дресот на Нордсјеланд, а има свои настапи и во младинските категории на данскиот национален тим. Особено задоволство ни е што покрај Кисум, нашиот дрес ќе го носи уште еден дански ракометар во сезоната 2023/24, незаборавајќи ги убавите денови кои во нашата земја ги минаа Себастијан Хенеберг и Ларс Валтер, објави Еурофарм Пелистер. 

 

Официјалното претставување на Нилсен е предвидено по почетокот на подготовките во Битола. зс/

 

Остани поврзан