• понеделник, 24 јуни 2024

Далај Лама пристигна во Њујорк

Далај Лама пристигна во Њујорк

Вашингтон, 24 јуни 2024 (МИА) – Далај Лама Духовен лидер на тибетскиот будизам Далај Лама синоќа пристигна во Њујорк каде ќе му биде извршена операција на колената.

Далај Лама беше пречекан од стотици приврзаници и почитувачи на неговото дело.

Далај Лама беше принуден да замине од Тибет за Индија во 1959 година под притисок на кинеските власти. Оттаму тој се бори за поголема автономија на Тибет. Во 1987 година ја доби Нобелова награда за мир.

Сè уште не се знае дали во текот на оваа посета Далај Лама ќе се сретне со американски владини претставници. кб/ми/

Остани поврзан