• петок, 22 ноември 2024

Давид Велковски го извлече светиот крст од осветените води во Кратово, Филип Пауновски во Ранковце 

Давид Велковски го извлече светиот крст од осветените води во Кратово, Филип Пауновски во Ранковце 

Кратово, 19 јануари 2024 (МИА) - Најсреќен меѓу пријавените што денеска скокнаа во Ранковска Река по Богојавленскиот свет крст беше Филип Пауновски од село Гиновце, а во Општина Кратово, Давид Велковски. 

Денешниот празник посветен на Христовото крштевање, традиционално во Кратово се одбележа со света литургија, осветување на водите и положување на светиот крст под покровителство на општина Кратово и Кумановско-Осоговска епархија.

-Ги зачувуваме традицијата и христијанските вредности. Нека е честит и вековит големиот верски празник Богојавление. Нека ги следи среќа и бериќет сите кои скокнаа денеска по светиот крст во водите на градскиот базен. Честитки за најсреќниот меѓу нив Давид Велковски, порача градоначалникот на Општина Кратово, Тодорче Николовски.

Во Кратово по светиот крст скокнаа четириесетина момци и една девојка, средношколка. ид/бак/


Фото: Општина Кратово

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан