• недела, 17 ноември 2024

Гуљаш: Зеленски неодговорно ја обвини ја обвини Русија за нападот

Гуљаш: Зеленски неодговорно ја обвини ја обвини Русија за нападот
Будимпешта, 16 ноември 2022 (МИА) – Шефот на кабинет на унгарскиот премиер Гергељи Гуљаш денеска изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски неодговорно се однесувал кога ја обвини Русија дека извршила ракетен напад во источна Полска. Тој нагласи дека инцидентот во источна Полска уште еднаш ја покажа потребата спротивставените страни што поскоро да ги прекинат непријателствата. Гуљаш посочи дека само Русија е одговорна за војната во Украина. Врз полското село Пржеводов, лоцирано околу шест километри од границата со Украина, вчера паднаа две ракети при што загинаа две лица. ми/
 

Остани поврзан