• сабота, 22 февруари 2025

Гутереш: На првиот ден од прекинот на огнот 630 камиони со хуманитарна помош влегоа во Газа

Гутереш: На првиот ден од прекинот на огнот 630 камиони со хуманитарна помош влегоа во Газа

Вашингтон, 20 јануари 2025 (МИА)  - Повеќе од 630 камиони со хуманитарна помош влегоа во Појасот Газа на првиот ден од почетокот на прекинот на огнот, изјави денеска генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.

Гутереш на седницата на Советот за безбедност рече дека камиони со помош се испратени на север од енклавата, каде според ОН, постои закана од глад, пренесуваат британските медиуми.

Камионите влегоа во Појасот Газа на првиот ден од договорот за прекин на огнот меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас, кој стапи на сила на 19 јануари.сд/

Остани поврзан