• недела, 22 декември 2024

Гутереш го поздрави продолжувањето на договорот за извоз на жито

Гутереш го поздрави продолжувањето на договорот за извоз на жито

Њујорк, 17 мај 2023 (МИА) - Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш го поздрави денешното двомесечно продолжување на договорот за извоз на украинско жито преку Црното Море, што е од клучно значење за светската сигурност за обезбедување храна.

„Ја поздравувам оваа одлука. Ова продолжување е добра вест за светот“, им рече Гутереш на новинарите. „Сè уште има отворени прашања“, призна тој, но изрази надеж „дека можеме да постигнеме сеопфатен договор за подобрување, проширување и продолжување на иницијативата, како што предложив во неодамнешното писмо до претседателите“ на Турција, Русија и Украина.

„Овие договори се важни за глобалната сигурност за обезбедување храна“, рече Гутереш. Тој посочи дека „повеќе од 30 милиони тони жито“ се извезени откако договорот стапи во сила во јули минатата година.

Претходно денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган најави продолжување на договорот за жито за 60 дена. Во спротивно, договорот, потпишан во јули 2022 година, ќе истечеше утре вечер. ссм/

фото: МИА архива

Остани поврзан