• среда, 17 декември 2025

Грчка невладина организација за заштита на децата на Фејсбук објави пост за исчезнатото девојче од Скопје

Грчка невладина организација за заштита на децата на Фејсбук објави пост за исчезнатото девојче од Скопје

Атина, 30 ноември 2023 (МИА) - Грчката невладина организација „Насмевката на детето“, чија главна цел е заштита на децата и нивните права, на официјалниот Фејсбук профил објави пост за исчезнатото девојче од Скопје, Вања Ѓорчевска, јави дописничката на МИА од Атина.

Не станува за официјален амбер алерт, туку за фотографија и информации поврзани со 14-годишната, чија трага се загуби во понеделникот наутро во центарот на Скопје.

Споделени се сите информации, околу личниот опис на девојчето, облеката што ја носела на денот на исчезнувањето, како и официјалното соопштение од Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија.

Паралелно, заедно со информациите, споделена и фотографија.

„Насмевката на детето“ е најголемата и единствената непрофитна организација за заштита и помош на децата во Грција, а межу активностите е и Амбер Алерт Грција за исчезнати деца, како и националната линија СОС за помош. ср/са/

Остани поврзан