• недела, 22 декември 2024

Грчката полиција привела околу десет лица за кражби од објекти оштетени од пожарот во областа Атика

Грчката полиција привела околу десет лица за кражби од објекти оштетени од пожарот во областа Атика

Атина, 16 август 2024 (МИА) – Околу десет лица се приведени, а едно е уапсено за кражби во оштетените објекти од пожарот во североисточниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, објави грчката државна телевизија ЕРТ, јави дописничката на МИА од Атина.

Според информациите на ЕРТ, приведените се Роми, додека вчера полицајците уапсиле уште едно лице, исто така Ром, во моментите кога одземал предмети од оштетена куќа.

Грчката телевизија објави дека паралелно била издадена наредба до полициските сили да вршат континуирани и строги контроли на лицата кои немаат никаква причина да се наоѓаат во областите погодени од пожарите во североисточна Атика, а на оние кои се сметаат за сомнителни дека им се забрани влез во погодените области и веднаш да се приведуваат.

Пожарот во близина на Атина што избувна во неделата попладне и 40 часа подоцна беше ставен под контрола, зафати површина од околу 10.000 хектари и предизвика штета на голем број објекти. ср/сд/

Остани поврзан