• петок, 16 февруари 2024

Грчката невладина организација за заштита на децата информираше за убиството на Вања

Грчката невладина организација за заштита на децата информираше за убиството на Вања

Атина, 5 декември 2023 (МИА) – Трагичен крај на потрагата по 14-годишната Вања Ѓорчевска, објави грчката невладина организација за заштита на децата и нивните права „Насмевката на детето“ во соопштението во кое информира дека девојчето од Скопје беше пронајдено убиено, јави дописничката на МИА од Атина.

Минатата седмица, како што објави МИА, „Насмевката на детето“ информираше во Грција за исчезнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска, со што како што рекоа, учествуваа во широката мобилизација за нејзино пронаоѓање.

Од невладината организација сега соошштија дека биле информирани од соработниците во Европската федерација за исчезнати деца (Missing Children Europe-ΜCE) за трагичниот крај во потрагата по Вања.

- Поконкретно, според последните информации од полицијата и Министерството за внатрешни работи од земјата како и од вестите, малолетничката бил пронајдена мртва во Скопје. Девојчето било киднапирана утрото на денот кога исчезна и беше пронајдена убиена. Трагичната вест за неправедната смрт на Вања ја потресе јавноста, а истрагата на полицијата е во тек за откривање на сторителите, пишува во соопштението од „Насмевката на детето“.

Потсетуваат дека девојчето исчезна на 27 ноември во утринските часови додека одеше на училиште во Скопје, а веднаш по нејзиното исчезнување и соопштението на МВР и полицијата, „дојде до голема мобилизација за координација на акциите во сите соседни европски земји“.

-„Насмевката на детето“ беше во директна соработка со организациите со кои соработува од Европската федерација за исчезнати деца Европа (Missing Children Europe-ΜCE) во Србија и Албанија, објаснија од грчката невладина организација.

Паралелно, како што е нивна пракса, повикаа да се отстрани фотографијата на девојчето онаму каде што беше објавена во известувањето за нејзиното исчезнување.

„Насмевката на детето“ е најголемата и единствената непрофитна организација за заштита и помош на децата во Грција, а меѓу активностите е и Амбер Алерт Грција за исчезнати деца, како и националната линија СОС за помош. ср/са/

 

Остани поврзан