• понеделник, 25 ноември 2024

Грција уште два дена без бродски сообраќај – продолжен за уште 48 часа штрајкот на поморската федерација 

Грција уште два дена без бродски сообраќај – продолжен за уште 48 часа штрајкот на поморската федерација 

Атина, 24 октомври 2024 (МИА) – Дводневниот штрајк на грчката поморска федерација што започна во вторникот, продолжен е за уште 48 часа, со што бродовите и траектите во цела Грција и денеска и утре ќе останат закотвени на пристаништата, јави дописничката на МИА од Атина. 

Раководството на федерацијата вчера одржа состанок и одлучи продолжување на штрајкот, а нивното главното барање е потпишување нови колективни договори за работа за 2025 година, зголемени за 12 отсто. 

Штрајкот ќе трае до утре на полноќ, но отворена е можноста да биде дополнително продолжен. 

Паралелно, од федерацијата бараат и средба со министерот за поморство и островска политика Христос Стилианидис. 

Од Синдикатот ПАМЕ на Комунистичката партија на Грција вчера организираа протест пред Министерството за поморство и симболично влегоа во објектот. ср/ сд/

Остани поврзан