• петок, 12 јули 2024

Грција предлага ЕУ привремено да прифати деца погодени од конфликтот во Газа

Грција предлага ЕУ привремено да прифати деца погодени од конфликтот во Газа

Атина, 19 јуни 2024 (МИА) - Европа има должност да прифаќа деца повредени и трауматизирани од Газа се додека трае конфликтот, изјави денеска грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Герапетритис.

Тој бара партнери за проектот, кој вклучува привремено носење деца во Европската унија, и како што пренесуваат грчкте медиуми негова изјава за Ројтерс тој нагласи дека оваа недела разговарал за идејата со палестинскиот премиер Мохамед Мустафа.

„Мораме јасно да се соочиме со таа трагедија“, рече Герапетритис.
Тој не потенцира колку луѓе може да прими Грција или ЕУ, но рече дека тоа прашање се разговара со палестинските власти.

Герапетритис нагласи дека иницијативата не е поврзана со редовната миграција, која стана политички чувствителна во Европа и на која десницата силно се спротивставува.

„Ова е очигледен повик за хуманитарна помош. Овде не зборуваме за економски мигранти или други видови нерегуларна миграција“, рече тој. зш/

Остани поврзан