• среда, 20 ноември 2024

Група од 2.000 мигранти во Мексико се упатуваат кон САД само неколку недели пред изборите

Група од 2.000 мигранти во Мексико се упатуваат кон САД само неколку недели пред изборите

Тапачула, 20 октомври 2024 (МИА) - Група од околу 2.000 мигранти денеска замина од југот на Мексико кон границата со САД, на само неколку недели пред претседателските избори во Америка, на кои миграцијата игра голема улога.

Недостатокот на работа на југот на Мексико поради новиот бран на пристигнувања на странци во земјата мотивираше неколку групи мигранти да го напуштат регионот во последниот месец.

Групата што тргна денеска беше трета и најголема од почетокот на владеењето на новата мексиканска претседателка Клаудија Шајнбаум, која не ги промени имиграциските политики воспоставени од нејзиниот претходник Андрес Мануел Лопез Обрадор.

Групи од 800 и 600 мигранти го напуштија регионот претходно во октомври. Активистот Луис Гарсија Вилагран проценува дека околу 40.000 мигранти моментално се блокирани во јужниот дел на Мексико. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан