• понеделник, 23 декември 2024

Грција испрати хуманитарна помош во Либија

Грција испрати хуманитарна помош во Либија

Атина, 17 септември 2023 (МИА) – Хуманитарна помош, односно медицински и болнички персонал, медицинска и фармацевтска опрема и храна, испрати Грција во Либија за погодените региони од поплавите, соопштија од грчкото МНР, јави дописничката на МИА од Атина.

Според Министерството за надворешни работи на Грција, хуманитарната помош веќе пристигна во Бенгази со авион Ц-130 на военото воздухопловство со што „на дело се докажува солидарноста на Грција со либискиот народ“.

По наредба на министерот за надворешни работи Јоргос Герапетритис, мисијата била придружувана од генералниот конзул на Грција во Бенгази, амбасадорот Ставрос Венизелос, за да обезбеди дипломатска помош. ср/паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан