• петок, 22 ноември 2024

Грушко: Русија ќе ја зајакне западната граница ако биде потребно

Грушко: Русија ќе ја зајакне западната граница ако биде потребно
Москва, 22 јули 2020 (МИА) - Русија ќе преземе мерки за зајакнување на нејзината западна граница како одговор на распоредување на силите на НАТО, доколку е потребно, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Александар Грушко. - Секако, внимателно го анализираме сето тоа, вклучително и военото планирање. Доколку се процени дека е потребно засилување, тогаш, се разбира, ќе бидат преземени сите неопходни мерки, рече Грушко. Тој истакна дека потенцијалниот одговор на Русија на акциите на Алијансата ќе биде ефикасен и поевтин. - Понекогаш, за време на разговорите со нашите колеги, тие посочуваат дека нашиот одговор мора да биде симетричен. Не, ние ќе го сториме она што го сакаме; сето тоа ќе биде во согласност со обврските што сме ги презеле, додаде Грушко. Агенцијата ТАСС пренесува дека американскиот претседател Доналд Трамп му наредил на Пентагон да го намали бројот на војниците стационирани во Германија и дека станува збор за 9.500 војници, кои треба да бидат префрлени во Полска. паг/

Остани поврзан