Груевски, Мијалков и уште пет лица од Западен Балкан на „црната листа“ на САД
- Поранешниот премиер во бегство Никола Груевски, поранешниот прв човек на УБК Сашо Мијалков и уште пет лица од Западен Балкан се најдоа на „црната листа“ на САД. Министерството за финансии на


На црната листа од Северна Македонија се најдоа имињата на поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот прв човек на на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков.
На листата е ставена и фирмата која што Груевски ја отвори во Унгарија минатата година. Станува збор за компанијата I.C.I.C. LTD со адреса во Унгарија, која што е отворена на 15 јули 2021 година, а Стејт департментoт ја поврзува со поранешниот премиер Груевски.
Американската влада во образложението за Груевски и за Мијалков наведува дека се одлучила на ваков чекор како одговор на нивната вмешаност во значителна корупција. Нивните постапки го поткопале владеењето на правото, демократските институции и јавните процеси во двете земји и ја нарушиле довербата на јавноста во владите.
Покрај двајцата, забрана за патување во САД има и за нивните семејства. Тоа значи дека Груевски, Мијалков и членовите на нивните потесни семејства се неподобни за влез во САД.
Груевски и Мијалков се обвинети во повеќе предмети отворени од поранешното СЈО, а за некои веќе им се изречени затворски казни. Груевски во ноември 2018 побегна во Унгарија каде набрзо доби политички азил. Груевски вчера на Фејсбук објави дека наводите заради кои бил ставен на листата „се неточни информации“ кои во најголем дел произлегувале од „долгогодишниот политички прогон“ кој против него се водел во земјава. Тој вели дека иако немал никаков имот во САД, чуствувал голема неправда бидејќи работел чесно и одговорно борејќи се за државните и националните интереси, а дека при тоа колку што можел се трудел да не ги загрози интересите на сојузниците на државава. И Мијалков изрази жалење на одлуката на Стејт департментот, оценувајќи дека не е исправна и оти е базирана на конструкции и дезинформации за кои вели дека со време ќе се докажат дека се неиздржани.