• петок, 22 ноември 2024

Груби се сретна со новиот австриски амбасадор Мартин Памер

Груби се сретна со новиот австриски амбасадор Мартин Памер

Скопје, 24 август 2023 (МИА) - Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Австрија во земјава Мартин Памер.

- Разговарајќи за пријателските билатерални односи и посакувајќи му добредојде во земјата и успех во извршувањето на должноста, Груби и Памер изразија уверување дека пријателските односи меѓу двете земји ќе продолжат да се развиваат и во иднина, соопшти Кабинетот на Груби. 

Груби, како што се наведува, изрази благодарност за поддршката што нашата земја ја добива од Австрија во реформските процеси поврзани со евроинтеграциите и за динамиката со која се развива соработката меѓу двете земји на повеќе полиња.

Памер и Груби разговарале и за процесот на уставни измени и потребата од градење на општествен консензус за евроинтеграции.

-Груби ја подвлече потребата од поддршка на опозицијата за процесот на технички измени на Уставот и општата усогласеност на патот кон Брисел,  нагласувајќи дека ЕУ и САД не се непријатели на нашата земја, туку напротив, сите достигнувања на земјата се во партнерство и со поддршка на САД и ЕУ, стои во соопштението.

Груби и Памер разговараа и за меѓуетничките односи и спроведувањето на Охридскиот договор како предуслов за општествена кохезија и еднаквост меѓу заедниците во нашата земја. мд/са/

Фото: Кабинет на вицепремиерот Груби 

Остани поврзан