• среда, 05 февруари 2025

Гроси: Набљудувачите на МААЕ остануваат во Украина

Гроси: Набљудувачите на МААЕ остануваат во Украина

Виена, 12 декември 2024 (МИА) – Набљудувачите на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) ќе останат во Украина и покрај нападите врз нив, изјави директорот на МААЕ, Рафаел Гроси.

Тој алудираше на нападот со дрон врз возило на МААЕ што се случи на 10 декември во близина на нуклеарната централа Запорожје, која е под контрола на Русија. Возилото на МААЕ било во конвој со украински автомобили. Во нападот никој не настрада.

- Нападот имаше јасна намера да ни наштети или да не уплаши, наведе Гроси.

Тој, за инцидентот што се случи во близина на фронтот, не ја обвини ниту Русија ниту Украина, посочувајќи дека нема јасни индиции или докази.

- Постојаното присуство на меѓународни експерти и помага на МААЕ не само да ја следи ситуацијата во нуклеарната централа, туку и да спречи напади врз централата и нуклеарна несреќа. Таму ќе продолжиме со нашата работа, наведе Гроси.

На специјалната седница на состанокот на Бордот на шефови на МААЕ беше усвоена нацрт-резолуција во која се критикуваат руските напади врз електричната мрежа на Украина како „неприфатливи“.

Во резолуцијата се истакнува дека нападите претставуваат „директна закана за нуклеарната безбедност и безбедност“ во Украина, бидејќи системите за ладење на украинските нуклеарни централи зависат од сигурно снабдување со електрична енергија. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан