Лами во посета на Украина
- Шефот на британската дипломатија пристигна во Киев, соопшти украинскиот амбасадор во Лондон и поранешен главен командант на Вооружените сили на Украина, Валериј Залужни
Киев, 5 февруари 2025 (МИА) – Шефот на британската дипломатија пристигна во Киев, соопшти украинскиот амбасадор во Лондон и поранешен главен командант на Вооружените сили на Украина, Валериј Залужни.
- Го поздравувам министерот за надворешни работи на Велика Британија, Дејвид Лами на украинска територија. Ќе разговараме за понатамошна соработка и заеднички проекти за зајакнување на безбедноста на Украина, објави Залужни на Телеграм. ми/
фото: ЕПА