• петок, 20 декември 2024

Грковска - Лосон: Реформските проекти се клучни за напредокот на државата

Грковска - Лосон: Реформските проекти се клучни за напредокот на државата
Скопје, 6 октомври 2022 (МИА) - За Обединетото Кралство е приоритет да продолжат реформите на кои заедно работиме, со цел да се даде поддршка на Владата на Република Северна Македонија во справувањето со корупцијата, унапредувањето на транспарентноста и дигитализацијата, рече новиот британски амбасадор во земјава, Метју Лосон на денешната средба со вицепремиерката за политики за добро владеење, Славица Грковска. Лосон и Грковска заклучија дека соработката меѓу двете земји е на високо ниво и ќе продолжи да се развива и тоа во клучни области кои се предуслов за демократски развој и економски напредок. Вицепремиерката, како што соопшти нејзиниот Кабинет, му посака добредојде на амбасадорот Лосон и му посака успешна мисија во Скопје. Таа се заблагодари за досегашната британска поддршка која, како што истакна, се манифестира и преку тесна соработка со нејзиниот Кабинет, особено во делот на унапредување на транспарентноста на институциите, како и на јакнење на капацитетите со цел да се зголеми нивната ефикасност. Грковска напомена дека во својата работа е фокусирана на одржливи, системски и долгорочни решенија кои ќе имаат влијание врз промената на општеството. Амбасадорот Лосон оцени дека надлежностите на Кабинетот за политики за добро владеење се многу значајни. Тој нагласи дека Обединетото Кралство ја промовира пораката на „партнерство на еднакви“, која го нагласува значењето на културниот идентитет на секоја држава, значењето на културата и јазичниот идентитет. Двајцата соговорници се договорија соработката да ја прошират и во други области за кои заеднички ќе оценат дека се клучни за развојот на Северна Македонија, особено во периодот на пристапните преговори кон ЕУ. мч/дма/

Остани поврзан