• петок, 17 мај 2024

Грин машинс на Брако на саем во Тексас - одлични македонски возила за уште поквалитетно живеење во американските урбани средини

Грин машинс на Брако на саем во Тексас - одлични македонски возила за уште поквалитетно живеење во американските урбани средини

Софистицираните и најсовремени возила за одржување на хигиена во урбани средини на БРАКО од линијата Грин Машинс се претставија на „111-та годишна конференција и саем“ во организација на Лигата на општини во Тексас, која се одржа во Далас. Стручниот тим од американската филијала на Грин Машинс во САД, во соработка со тим од IDS - една од најголемите компании во Тексас за снабдување со комунална опрема, пред претставниците на општините од втората по големина сојузна држава ги претставија најновите верзии на електричните модели 500 ze и 400 ze.

Овие два модели се најпобаруваните од својата категорија на глобално ниво, а од страна на корисниците се оценети како исклучително ефикасни, економични и еколошки. „Нашата компанија во САД е лоцирана во најмногубројната сојузна држава Калифорнија, каде веќе имаме испорачано возила во сите поголеми градови, а започнавме со испораки и во најголемите градови во Тексас и во други сојузни држави. Во одлично светло се претставивме и сега во Тексас, каде има преку 1200 општини и градови и сметаме дека со нашите современи машини можеме да придонесеме за уште подобар квалитет на живот на граѓаните во нивните средини“, ги пренесоа впечатоците претставниците на филијалата на Грин Машинс во САД.

Department fot Public Affairs, Media Relations, Marketing and Protocol

Fero Invest DOO Skopje

Boulevard Kliment Ohridski 30

Skopje Republic of North Macedonia

E-mail: press@feroinvest.mk

Phone: +389 2 5514 000 Mob: +389 75 402 786

 

 

____________________________________________

MИА - ОТС Комерцијални соопштенија

Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.

Остани поврзан