• вторник, 14 мај 2024

Грин даде ветување пред управата на Вориорс дека ќе постигнува повеќе поени следната сезона

Грин даде ветување пред управата на Вориорс дека ќе постигнува повеќе поени следната сезона
Сан Франциско, 25 мај 2021 (МИА) – Кошаркарот на Голден Стејт, Дрејмонд Грин, имаше разговор во канцеларијата на Вориорс со претседателот на клубот Боб Мајерс и главниот тренер Стив Кер. Тој им вети на управата и на тренерот дека ќе биде поефикасен во следната сезона и ќе стане поопасна напаѓачка опција за противниците. - Потребен ни е Дрејмонд за да освоиме повеќе поени. И тој сам го посакува тоа. Верувам дека ќе биде подобар следната сезона, изјави Боб Мајерс. Во неодамна завршената НБА сезона за Вориорс, 31-годишниот Грин оствари просек од седум поени по натпревар, што е најлош учинок за него во последните седум години. На 21 мај, Грин промаши шут за победа од непосредна близина на натпреварот против Мемфис, а потоа во продолжението противникот победи и избори плејоф. зс/

Остани поврзан