• понеделник, 13 мај 2024

Гризман првпат сезонава стартер за Атлетико

Гризман првпат сезонава стартер за Атлетико
Мадрид, 18 септември 2022 (МИА) - Антоан Гризман се најде во почeтниот состав на Атлетико Мадрид на вечерашното градско дерби со Реал во шпанската Ла Лига. Францускиот напаѓач за прв пат оваа сезона се најде во стартниот состав на Атлетико Мадрид. Претходно, селекторот на тимот, Диего Симеоне, седум меча по ред сезонава го пушташе фудбалер на терен дури по 60. минута. Познато е дека Атлетико го става Гризман како замена дури по 60. минута за да не плати 40 милиони евра на Барселона за него на крајот од сезоната поради фамозната клаузула во договорот со каталонскиот клуб. По 30 минути на „Метрополитано“ Реал Мадрид води со 1:0, а Гризман ја имаше најубавата шанса за Атлетико, но за жал на домашните навивачи неговиот шут го одбрани голамнот Тибо Куртоа. зс/

Остани поврзан