• четврток, 09 мај 2024

Гризман: Атлетико е мојот последен клуб во Европа

Гризман: Атлетико е мојот последен клуб во Европа

Мадрид, 28 декември 2023 (МИА) - Антоан Гризман изјави дека Атлетико Мадрид ќе биде неговиот последен клуб во Европа. 

- Би сакал да го продолжам договорот и да ја завршам европската фаза во кариерата во Атлетико. Знам дека клубот е подготвен да вложи напор. Ќе разговараме за тоа. По Европа би сакал да бидам во американската МЛС, секогаш сум го велел тоа. Но, речиси 100% е веројатно дека Атлетико ќе биде мојот последен клуб во Европа. Сакам да бидам тука. Ова е местото каде што се чувствувам најсреќен. Овде сум како дома, изјави 32-годишниот Французин. 

Гризман има 16 гола на 24 настапи за Атлетико оваа сезона. зс/ 

Фото: ЕПА

Остани поврзан