• петок, 22 ноември 2024

Гренел поднесе оставка од функцијата во Стејт департмент

Гренел поднесе оставка од функцијата во Стејт департмент
Вашингтон, 2 јуни 2020 (МИА) - Ричард Гренел официјално поднесе оставка од функцијата во Стејт департмент. Тој синоќа на Инстаграм напиша дека американскиот претседател Доналд Трамп во претседателскиот кабинет му врачил подарок. Гренел неодамна го напушти амбасадорското место во Берлин, а неговиот портпарол тогаш изјави дека тој ќе остане специјален пратеник на американскиот претседател во Дијалогот Белград - Приштина. Американските медиуми претходно  објавија дека Гренел ќе се вклучи во медиумскиот тим на Трамп за избири, но тој ги демантираше таквите наводи. ми/

Остани поврзан