• сабота, 13 декември 2025

Граѓанска иницијатива „Подобро за Тетово“: Информацијата дека Општината се подготвува да го даде Водоводот под концесија е голема закана

Граѓанска иницијатива „Подобро за Тетово“: Информацијата дека Општината се подготвува да го даде Водоводот под концесија е голема закана

Тетово, 4 октомври 2025 

Денес сме собрани тука за да го кренеме гласот против една закана што ја засега нашата егзистенција и секое тетовско семејство: продажбата или приватизацијата на Водоводот по изборите се вели во соопштението од прес-конференцијата на листа на избирачи од граѓанска иницијатива  „Подобро за Тетово“ предоведна од Агрон Арифи, што МИА го пренесува интегрално.

Водата е богатство што не сме го создале ние, туку ни е дадено од Господ и имаме должност да ја заштитиме.

Информациите дека Општината се подготвува да го даде Водоводот под концесија на приватниот сектор e голема алармантна закана. Ние тоа нема да го дозволиме по никакви услови!

Секогаш кога се приватизираат јавните добра и услуги, граѓаните се тие што страдаат. Тоа го видовме со отпадот и „Саубермахер“, со Монополот, со градскиот паркинг, со јавното осветлување.

Секаде каде што влегуваат приватните интереси, граѓаните плаќаат повеќе, а добиваат помалку. Илјадници граѓани завршуваат со погрешни фактури и со предмети кај извршители.

Ние, како движење „Подобро за Тетово“, решително бараме:

1. Водоводот да остане јавно претпријатие, под одговорност на општината.

2. Негово управување да се врши транспарентно, професионално и со долгорочни планови за подобрување на мрежата.

3. Сите политички субјекти да потпишат меморандум со кој ќе гарантираат дека водоводното претпријатие нема да се приватизира.

4. Општината редовно, јавно и транспарентно да известува за финансиската состојба и инвестициите во овој сектор.

Нема гласови за ниту еден градоначалник што ќе прави зделки со Водоводот!

Водата не се приватизира! Приватизацијата на водата нема да помине!

Граѓанска иницијатива  „Подобро за Тетово“

Фото: „Подобро за Тетово“

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан