• среда, 20 ноември 2024

Граѓанската трибина на СДСМ под мотото „Најдоброто за нашата општина“ во Гевгелија

Граѓанската трибина на СДСМ под мотото „Најдоброто за нашата општина“ во Гевгелија
23 јуни 2021 
СДСМ е постојано на терен, постојано со граѓаните, не само тука во Гевгелија, туку и во секое населено место, во сите маала кадешто разговараме со граѓаните и од вас ги црпиме идеи, го слушаме вашиот глас и заедно го создаваме најдоброто за сите, истакна заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска на граѓанската трибина на СДСМ под мотото „Најдоброто за нашата општина“ во Гевгелија.
За младите даваме иднина и перспектива, за пензионерите повисоки пензии, за работниците повисок стандард и покачени плати, а сите сме горди граѓани на земја членка на НАТО, интегрирана по европскиот пат, порача Лукаревска, изразувајќи благодарност до нашите сојузници САД, Германија, Франција, Португалија и сите други влијателни земји членки на ЕУ кои ја разбираат нашата позиција и ни даваат поддршка веднаш да ги почнеме преговори со ЕУ.
- Наша единствена алтернатива е ЕУ, продолжуваме директно не скршнуваме од реформскиот процес наречен ЕУ и не смееме да дозволиме да победат оние што имаат скепса кон овие политики, кои сакаат да скршнеме на сосема друг колосек, нагласи Лукаревска.
Заменик претседателката Лукаревска посочи дека СДСМ го држи победничкиот ритам во државата, а дека овие локални избори ќе покажат дека најдоброто допрва доаѓа.
Владата и СДСМ секогаш, и во изминатата тешка година и половина, кога се соочивме со пандемија, остана со граѓаните и на страната на граѓаните, секогаш се бориме со граѓаните и за граѓаните да ги совладаме сите пречки, истакна на граѓанската трибина на СДСМ под мотото „Најдоброто за нашата општина“ во Гевгелија секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ.
Тој нагласи дека СДСМ настапува пред целата јавност со чист образ и со резултати, а тоа е клучната разлика меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ знаат само за блокади, сакаат државата да застане.
Граѓаните го препознаа тоа и ни ја дадоа поддршката на сите избори досега, тоа е голема одговорност, но ние не бегаме од одговорноста,  СДСМ е сигурната опција за граѓаните, опција која нуди решенија истакна Маричиќ.
Во 2017 презедовме држава изолирана, згазена и опљачкана, посочи Маричиќ, а четири години подоцна сме членка на НАТО, минимална плата е поголема за 60%, просечна плата е блиску до 500 евра.
Дали пред четири години важеше законот еднакво за сите, дали живееме во праведна држава, не,  во тоа време живееме во заробена држава, во режим, во ситуација во која половина од граѓаните не ги чувствуваа институциите за свои, а сега и локалните и централните институции се отворени подеднакво за секого и тоа е она што ВМРО-ДПМНЕ не може да го прости, нагласи Маричиќ.
Градоначалникот на општина Гевгелија Сашко Поцков на трибината на СДСМ под мотото „Најдоборото за нашата општина“ се осврна на сработените проекти во изминатите 4 години, со  кои се препознаваат и успешно се менаџираат потребите на граѓаните, како и на визијата за развој и иднина на општината.
Нашата визија е модерна, зелена и еропска Гевгелија, рече Поцков.
Тој истакна дека се градат патиштата и улици како во градот така и во сите 12 населени места, канализациона и водоводна мрежа од преку 10 километри, вложени се 15 милиони денари во детските градинки за реконструкција и санација на објектите, отворена е нова детска градинка во  Прдејци.
Ги уредивме скоро сите постоечки паркови и урбано ги опремивме со занимливости за сите возрасти. Работиме на отварање на нов парк во близина на Мрзенци, рече Поцков.
Тој додаде дека општината создаде поволен амбиент за водење бизнис., а локалниот економски развој треба да финишира со отварање на ТИРЗ зоната Прдејци, каде општината ќе инвестира грант средства за вода и канализација.
Нашата цел е покрај познатите хотелски, светски брендови да донесеме, светски познати инвеститори да инвестираат кај нас, рече Поцков, и соопшти дека веќе е издадено одобрение за градба за Веро, Џамбо и Гудис.
Поцков истакна дека општинскиот буџет сега е стабилен, иако од претходниците од ВМРО-ДПМНЕ е наследен долг од 143 милиони денари и плус кредити од 2 милиони евра кои редовно се враќаат.
Наследивме незавршени проекти со финансова конструкција како новиот водовод, за кој да го довршиме потрошивме дополнителни 10 милиони денари. Како и изградбата на новата локална депонија за која немаше обезбедено ниту пат, ниту вода, ниту струја, рече Поцков.
Затоа СДСМ е најдоброто за нашата општина, најдоброто за Гевгелија, порача градоначалникот на Гевгелија Сашко Поцков на трибината на СДСМ.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ 
__________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан