• четврток, 25 април 2024

Граѓанската иницијатива „Тетово сака парк“: Општина Тетово немаш пари, немаш волја или немаш памет!?

Граѓанската иницијатива „Тетово сака парк“: Општина Тетово немаш пари, немаш волја или немаш памет!?

Тетово, 17 април 2024 (МИА) - Граѓанската иницијатива „Тетово сака парк“ со реакција дека нивната идеја за создавање парк без пари, општината сега наметнува многу скап проект од 10 милиони евра за рушење на стадионот и градење нов.

Тие потсетуваат дека при промовирањето на граѓанскиот предлог „Тетово сака парк“ поднесен од 60 интелектуалци и поддржан од над 4.500 граѓани, организации и клубови единствениот аргумент на Општина Тетово бил недостатокот на финансии за реализирање на предлогот за формирање на прв градски парк.

-Иако ние тврдевме дека пари не се потребни туку волја, за чекор по чекор согласно експертизата на стручните лица од нашата иницијатива да се дојде до реализација, општинарите беа упорни на ставот - нема пари.Во моментов Општина Тетово преку Јавното претпријатие „Тетово транспорт“ троши цели 10 милиони евра пари на сите нас жителите за да го сруши градскиот стадион, да изгради нов, како и да изгради нови фудбалски терени едниот во с. Сараќино и вториот веднаш до стадионот со вештачка трева на некогашниот спортски центар, денес узурпирана површина дадена под концесија за луна парк.Сметаме дека Општина Тетово се соочува со многу поголеми проблеми и недостатоци и нема никаква оправданост од расфрлање на јавни средства, се вели во соопштението на „Тетово сака парк“.

Според нив домаќински би било да се реновира постоечкиот стадион, кој е релативно нов и запуштен поради неодржување, да се заштедат пари и за неговото идно одржување.

-Истиот да биде достапен на сите фудбалски клубови, а да се зачуваат пари целиот Спортски центар да се уреди парковски, бидејќи за тоа се потребни далеку помали средства. На овој начин ќе останат средства за изградба и на спортски терени за задоволување на потребите на клубовите и рекреативците.Исто така посочуваме дека контроверзните бизнисмени и белосветски бараби за далеку помали пари купуваа делови од имотот и на Шик Јелак и на Монопол, па доколку Општината има 10 милиони евра можела да ги искористи на многу подобар начин.Вака парите ќе се потрошат, стадионите ќе се градат со години и ќе се потрошат и нови сега непланирани пари, ќе нема кој да ги одржува и ќе служат за напасување добиток, парк нема да имаме, па ќе ни останат само 3D анимираните проекти на градоначалникот за утеха, се вели денешното соопштение на „Тетово сака парк“.ас/

Фото: ТСП

Остани поврзан