Град Скопје: Уредување на дворната површина во СУ „Кочо Рацин“ во Ѓорче Петров
- СООПШТЕНИЕ - Во рамки на големиот проект кој произлегува од програмата За Модерно Скопје и се реализира во сите 23 градски средни училишта, во соработка со скопските јавните претпријатија, во средното училиште “Кочо Рацин“ во општина Ѓорче Петров, партерно и хортикултурно се уредува дворната површина со акција за засадување на дрвја и садници, нова тревна паркова површина, поставување нова урбана опрема.
Скопје, 2 април 2024
Во рамки на големиот проект кој произлегува од програмата За Модерно Скопје и се реализира во сите 23 градски средни училишта, во соработка со скопските јавните претпријатија, во средното училиште “Кочо Рацин“ во општина Ѓорче Петров, партерно и хортикултурно се уредува дворната површина со акција за засадување на дрвја и садници, нова тревна паркова површина, поставување нова урбана опрема. Овој проект им овозможува на средношколците пријатен престој на отворено во катчиња во кои можат да се дружат, имаат можност за организирање на предавања и едукативни работилници.
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и над педесет ученици од скопските средни училишта „Кочо Рацин“ и „Георги Димитров“ заедно со наставниот кадар, организираа голема еколошка акција за уредување на дворот во средното училиште „Кочо Рацин“ во која засадија дрвја и садници како продолжение на серијата на активности кои Градот Скопје ги реализира заедно со скопските средношколци за подигање на свесноста и зголемување на зелените површини, зелените коридори и паркови во Скопје.
Во рамки на настанот се одржаа интерактивните работилници и предавања, со претставници на еко здруженија од областа на животната средина со цел подигнување на свесноста кај младите за чекорите кои секој поединец може да ги превземе да влијае на заштитата на животната средина и природата.
Важноста и целта на овие проекти е да се поттикнат младите за зачувување, одржување и негување на животната средина како и да се креираат нови паркови површини. Град Скопје продолжува со реализацијата на бројни активности на садење дрвја и садници на повеќе локации низ градот, како еден од приоритетите од програмата за Модерно Скопје. Изминатиов период заедно со скопските средношколци беа реализирани акции за садење на Водно, парк шумата Гази Баба, а продолжува со реализација и голем проект за уредување на дворните површини на сите 23 градски средни училишта.
Одделение за односи со јавност
Град Скопје
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
Фото: Град Скопје