• понеделник, 23 декември 2024

Град Скопје: Украсувањето на плоштадот, сообраќајниците и новогодишниот базар е финансирано преку јавен повик

Град Скопје: Украсувањето на плоштадот, сообраќајниците и новогодишниот базар е финансирано преку јавен повик

21 декември 2023 

Украсувањето на градскиот плоштад, главните сообраќајници и новогодишниот базар се финансирани преку јавен повик, кој беше објавен согласно актите и прописите како и сите останати јавни повици.

Ова неколкупати досега е кажано, образложено во детали и транспарентно презентирано на јавноста. Оттука, секоја друга останата „вест“ е обид за манипулација, сензационализам и шпекулации. 

Разликата сепак, помеѓу овогодинешното организирање на украсувањето на градот и претходните години е што сега имаме за 10 пати помали трошоци од она што било трошено изминатите две децении - разликата е и во тоа што оваа година парите за оваа намена не ги добила истата фирма која ги добивала досега. Фирма блиска до Шилегов која од бројни тендери испумпувала пари од градската каса. За ова, веќе се подготвени соодветни пријави.

Жалиме што и покрај апелите за точно, балансирано и вистинито известување, дел од медиумите се уште одработуваат политички агенди на заборавени „политичари“.


Град Скопје

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан