• петок, 15 ноември 2024

Град Скопје: Се чисти отворениот канал на улицата Загрепска

Град Скопје: Се чисти отворениот канал на улицата Загрепска
Скопје, 13 јуни 2022 (МИА) - Екипите на ЈП Улици и патишта, денеска почнаа со чистење на каналот кој се наоѓа на улицата Загребска, во насока од ресторанот „Два Елена“ до детската болница „Козле“, информираат од Град Скопје.
Како што образложуваат оттаму, запуштениот канал во должина од 300 метри се чисти од насобраниот шут и нискостеблеста вегетација, а се чистат и косините на каналот кои се покриени со обрасната трева, гранки, трева и шут.
- Градот Скопје продолжува со чистење на отворените канали на подрачјето на Скопје и апелира до граѓаните да не фрлаат отпад во овие канали, со што ги затнуваат и се отежнува протокот на атмосферската вода, стои во соопштението од Град Скопје. ар/

Остани поврзан