• петок, 22 ноември 2024

Град Скопје: Се реконструираат и асфалтираат пешачките патеки во Градски парк и Луна парк

Град Скопје: Се реконструираат и асфалтираат пешачките патеки во Градски парк и Луна парк
Скопје, 26 мај 2022 (МИА) - Реконструкцијата на пешачките патеки во Градски парк е во завршна фаза, а се асфалтираат патеките позади Луна парк, информираат од Град Скопје.
Како што велат оттаму, екипите на Градот Скопје и ЈП Улици и патишта деновиве ги асфалтираат пешачките патеки позади Луна паркот.
- Патеките се со должина од 110 метри и широчина од 6,5 метри, со вкупна површина од околу 710 квадратни метри, стои во соопштението од Град Скопје.
Дополнуваат дека реконструкцијата на пешачките патеки во Градскиот парк на вкупна површина од 9 000 квадратни метри се реализира во фази, а досега целосно се реконструирани  7500 квадратни метри.
- Најголемиот дел од патеките веќе се целосно реконструирани и асфалтирани, а граѓаните може да ги користат за прошетки и рекреација, се додава во соопштението. ар/дма/

Остани поврзан