• петок, 12 јули 2024

Град Скопје: Решени 561 барање од граѓани преку електронската адреса 24@skopje.gov.mk

Град Скопје: Решени 561 барање од граѓани преку електронската адреса 24@skopje.gov.mk
Скопје, 5 јануари 2022 (МИА) - На електронската адреса за комуникација со граѓаните 24@skopje.gov.mk досега се пристигнати 618 барања, решени се 561, а во фаза на решавање се 57 барања, соопшти денеска Град Скопје. Најголемиот број од поднесените барања на граѓаните се за решавање на проблеми од животната средина, за постапување на градските инспектори, прашања за даноци и комуналната хигиена. Градските власти посочуваат дека на електронската адреса 24@skopje.gov.mk граѓаните можат да пријавуваат проблеми, а градската администрација е задолжена да одговори на барањата во рок од 24 до 72 часа. мд/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан