Град Скопје ги реконструираше спортските игралишта во скопското средно училиште „Михајло Пупин“
- СООПШТЕНИЕ: Град Скопје ги реконструираше спортските игралишта во скопското средно училиште „Михајло Пупин“, со што се овозможуваат одлични услови за средношколците и наставниот кадар за одржување на наставата по спорт и спортски активности.

Скопје, 27 февруари 2025
Почитувани,
Град Скопје ги реконструираше спортските игралишта во скопското средно училиште „Михајло Пупин“, со што се овозможуваат одлични услови за средношколците и наставниот кадар за одржување на наставата по спорт и спортски активности.
Новото игралиште за фудбал изградено по највисоки стандарди, им овозможува на младите спортистите кои учествуваат во училишната лига, но и на сите средношколци од училиштето да тренираат и да се надградуваат. Со инвестициите и проектите во скопските средни училишта, се обезбедува подобрување на условите за учениците и за наставниот кадар кој овозможува повисок квалитет на наставниот процес.
Со почит,
Одделение за односи со јавност - Град Скопје
Фото: Град Скопје
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.